Резервни делови

Одржување на Victorinox Џебни ножеви.
Victorinox џебните мултифункциски ножеви се составени од неколку подвижни елементи. Иако склопени од елементи со одличен квалитет потребно е повремено да се исчистат од нечистотија и да се подмачкаат.
НАПОМЕНА : Никогаш немојте да го оставите ножот во вода што врие или врела вода на подолго време бидејќи ќе дојде до деформирање на пластичните рачки.
НАПОМЕНА : Никогаш немојте да ги одстранувате пластичните рачки бидејќи истите нема да можете да ги прицврстите назад.( ќе дојде до кршење на малите стеги кои ги држат истите )
Ова е еден од начините за да го исчистите ножот:
- Извадете ги чепкалката , пинцетата , шпенагла и пенкалото , доколку моделот ги има овие елементи.
- Исчистете ги и одстранете ги поголемите парчиња нечистотија.Ова можете да го направите со помош на пластичната чепкалка од самиот нож , но можете и со дрвена чепкалка или најдобро со мала четка ( пример со мала школска четка за боење )
- Чистењето се одвива со делумно потопување на ножот во топла вода ( може и жешка но да не врие ) и во делот кој е потопен се отварат и затвараат алатките , неколку пати. Истото се прави и од другите страни на ножот со другите алатки.Никако немој да го оставите ножот во топлата вода да стои бидејќи ќе дојде до виткање на пластичните дршки а пасивното стоење во врелата вода нема да ги разработи подвижните алатки.(слика)
- Одкако ќе ги раздвижите алатките во вода потребно е да се исуши ножот. Истресете го добро за да излезе заостанатата вода, избришете го со сува мека крпа или марамче и доколку може издувајте го накратко со фен.
- После ова може да се подмачка најдобро со Victorinox уље ( код 4.3301 ).
  Ова уље е безбедно при допир со храна,нема мирис и вкус.Го забавува стареењето на деловите и е одлично против корозија.
Се подмачкува со капнување по една капка на подвижните места каде што доаѓа осовината и на местата каде што има тензиона пружина.Отворете и затворете ги алатките после подмачкувањето потоа уљето само ке пробие во делот од ножот.(слика )
  


Оштрење со Victorinox алакти
НОВ МОДЕЛ !
Trailmaster OH Desert
Handyman , многу функции
во мало пакување
Evolution. Нож од 85mm
со закочување
НОВО ! Limited Edition
Classic modeli
НОВ МОДЕЛ. Фантастичен
спој на Spartan+Tomato
НОВ МОДЕЛ !
Huntsman Camouf. Desert
Нов модел од серијата Pioneer.
Pioneer X
Swiss Tool X (105mm)
Робусни алатки за
многу примени
НОВ МОДЕЛ !
Trailmaster OH Desert
Високо квалитетни алатки
за градинарство
SWISSCHAMP XLT
Повеќе од 50функции
Ловечки нож со пила за дрво
Delemont collection RangerGrip
Имајте пенкало
секогаш со Вас.
Модел Signature
одличен како привезок
MiniChamp Најопремена
алатка 58mm погодна
за привезок
Hiker , модел со најпотребни
Пила за дрво
Philips штрафцигер
ПРОФЕСИОНАЛНИ
КУЈНСКИ НОЖЕВИ
Наменски
професионален нож
за месарници
Масивно ултра тврдо
професионално овално
оштрило за месари
Секојдневни кујнски ножеви
Кои ќе Ве изненадат со
врвниот квалитет
Имате проблем да излупите:
Компир,јаболко,краставица
REX pileer , најкупувана
алатка
Најпознатата ноктарица
во две верзии со
привезок и 
мала футрола

VICTORINOX - животен придружник

Во 1884, Швајцарскиот пионер Karl Elsener ја основа работилницата за кујнски ножеви . Тој за кратко време го поплочи историскиот пат за својата уникатна компанија со развојот на сега легендарниот мултифункциски нож «Original Swiss Army Knife». Освен легендарните џебни ножеви , потоа домашните ножеви за кујна и професионалните ножеви , денес независната фамилијарна компанија Victorinox исто така произведува и продава рачни часовници , патни и бизнис торбици и куфери , модна и заштина облека како и парфеми и тоа низ целиот цвет. Секој Victorinox производ е слика на Швајцарскиот квалитет и Швајцарскиот пионерски дух.