Резервни делови

Подршка (општо)
 
Victorinox - произведено во Швајцарија

Сите прашања кои ги имате слободно поставете ги преку долната форма или со јавување на телефонскиот број 322 55 39 односно преку меилот domnetmk@t-home.mk

Детални податоци можете да најдете и на следниве линкови поврзани со Нарачки , Наплата , ИспоракиПрашања , Квалитет , Гаранција , Рекламација , Враќање , Заштита на лични податоци , Општо.

Употребени термини објаснување

Артикли - го представуваат крајниот производ кој корисникот ги нарачува односно купува.Секој артикал е пропратен со единствено име,единствен код,цена,рок на испорака.

Име на артикал. е единствено за секој засебен артикал.Victorinox артиклите обично користат единствено име со кое корисникот лесно може да го распознае тој артикал и да го поврзе со своите потреби.

Код е единствен код за секој артикал.Во праксата овој код се вика part number.Преку кодот артиклот се именува на единствен начин.Овој код може да се користи при пребарувањето низ веб страната доколку го знаете однапред.Victorinox Производите секогаш наведениот Part number одговара на фабричкиот оригиналниот part number.Целата Victorinox програма е пропратена со единствен код еднаков со фабричкиот part number). 

Опис на артикли.Голем дел од артиклите освен со името дополнително се објаснети со краток опис,потоа среден опис и со детален опис на артиклот.
Краткиот опис често го носи делот од името на артиклот но во малку подетална форма со суштинските карактеристики на артикалот.
Средниот опис често е изоставен и најчесто во него може да се најде видео линк за видео преглед на конкретниот производ.
Детален опис често е присутен за техничката роба и во него претежно е наведена комплетната техничка спецификација на артикалот.

Слика на артиклот. Наш стремеж е да обезбедиме минимум една слика на понудениот производ.

Детални слики. Деталната слика за Victorinox програмата е всушност зоом на основната слика,Зумот се активира со поминување на маус курсорот преку сликата , дополнително со тркалото на маусот можеде да го менувате зумот на деталната слика.

Споредба на артикли. Може да се споредат максимум два артикли и тоа исклучиво од иста категорија.За споредување се клика иконта (три стрелки) која се наоѓа под секој артикал.Одкако ќе кликнете за првиот артикал ќе Ви биде понудено да изберете и втор артикал за споредба.Одкако ќе изберете и втор артикал страната автоматски ве носи во делот за споредба на двата артикли.

Повеќе.За детален приказ на податоците за производот кликенте го линкот на артикалот или сликата , од страната со листинг на производите.

Збиен преглед.Дава преглед на артиклите во една избрана категоија во колони и редици односно Thumbnail преглед.Пристап до збиениот преглед е со кликање на иконата во облик на квадрат во горниот дел од страната под името на избраната категорија.Враќање кон стандардниот преглед е со кликање на иконата во облик на 3 хоризонтални линии.
Преглед во редици.Дава преглед во редици и има опции за подредување според параметри на производот.

Подредување на артикли.Артиклите во една категорија може да се подредуваат на неколку начини,според Цената(растечка или опаѓачка),Името(растечко или опаѓачко),производителот,редослед број,филтрирање според видот и подесување на број  на прикажани артикли по страна.

Гаранција.Victorinox производите имаат LifeTime гаранција односно гаранциајта трае се додека се произведува купениот модел на производ.Гаранцијата на уредите кои имаат батерија или електроника , трае една година. Victorinox гарантира за секоја фабрицка греска во производството или фабричка нефукнционалност.

Рок на испорака. Дава податок за достапноста на артиклоот односно за колку време истиот може да се испорача.Пристуни се следните случаи
-на лагер:  Aртикот е на лагер во продавницата на Домент дооел.
-со нарачка: Значи артикалот е потребно да се нарача и рокот за испорака е наведен до производот.Рокот за испорака зависи од распоредот на пристигање на нови количини и може да се движи од 10дена до 60дена.

Цена. Сите цени се изразени во денари и се со пресметан данок.Доколку не е наведена цена истата е придружена со соодветен термин пример ''недефинирана".

Купи. Со кликање на иконата "Купи" артикалот сеуште не е купен туку се става во корпата со производи со количина еден.Оваа икона е присутна во секоја конкретна категорија на артикли при нивниот преглед и обично е на десната страна,или пак се наоѓа под сликата на артикалот кога истиот детално го разгледуваме.

Корпа детално. Дава подетален преглед на избраните артикли кои сте ги ставиле во корпата и воедно води кон следниот чекор од нарачката каде што се бираат начинот на испорака и начинот на плаќањето.Тука се достапни мала слика од артикалот,име на артикалот,количина која ќе се нарача,достапност на артикалот,можност за промена на количини,можност за бришење на некој артикал од корпата,празнење на целата корпа,единечна цена и вкупна цена на артиклите.

Испразни ја корпата. Значи дека ќе ги одстраниме сите артикли од корпата.Корпата ќе биде празна и спремна за ново купување.

Нарачај. Иконата нарачај води кон следно ниво во нарачката каде се бира видот на испорака и плаќањето и сеуште не ја финализира нарачката.Оваа икона е присутна во малиот приказ на корпата (десната страна од вебот) или во делот за деталниот приказ на корпата.

Кон наплата.Кликањето на оваа икона сеуште не ја финализира нарачката туку не води кон страна каде го гледаме избраниот начин на наплата и испорака и вкупниот износ на артиклите кои се нарачуваат. Тука е присутна финалната икона купи.

Купи. Со кликање на иконата купи ја финализираме нарачката. Односно избраните артикли сме ги нарачале но незначи дека истите се наплатени.Останува да се причека истите да Ви ги испорачаме или сами да ги подигнете кога и ќе се изврши наплатата.
 
 
 
 
 
НОВ МОДЕЛ !
Spartan PS Black
Handyman , многу функции
во мало пакување
Evolution. Нож од 85mm
со закочување
НОВО ! NewYork
LE 
2018
Limited Edition 2018
Alox Berry Red
НОВ МОДЕЛ !
Hunter Pro Alox Clip

Pioneer X
Swiss Tool X (105mm)
Робусни алатки за
многу примени

Trailmaster OH Desert
Високо квалитетни алатки
за градинарство
SWISSCHAMP XLT
Повеќе од 50функции
Ловечки нож со пила за дрво
Delemont collection RangerGrip
Имајте пенкало
секогаш со Вас.
Модел Signature
одличен како привезок
MiniChamp Најопремена
алатка 58mm погодна
за привезок
Locksmith , нов модел
ПРОФЕСИОНАЛНИ
КУЈНСКИ НОЖЕВИ
Наменски
професионален нож
за месарници
Масивно ултра тврдо
професионално овално
оштрило за месари
Секојдневни кујнски ножеви
Кои ќе Ве изненадат со
врвниот квалитет
Имате проблем да излупите:
Компир,јаболко,краставица
REX pileer , најкупувана
алатка
Најпознатата ноктарица
во две верзии со
привезок и 
мала футрола

VICTORINOX - животен придружник

Во 1884, Швајцарскиот пионер Karl Elsener ја основа работилницата за кујнски ножеви . Тој за кратко време го поплочи историскиот пат за својата уникатна компанија со развојот на сега легендарниот мултифункциски нож «Original Swiss Army Knife». Освен легендарните џебни ножеви , потоа домашните ножеви за кујна и професионалните ножеви , денес независната фамилијарна компанија Victorinox исто така произведува и продава рачни часовници , патни и бизнис торбици и куфери , модна и заштина облека како и парфеми и тоа низ целиот цвет. Секој Victorinox производ е слика на Швајцарскиот квалитет и Швајцарскиот пионерски дух.